Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Propaquizafop; Име на препарат: AGIL 100 EC |
Употреба: AGIL 100 EC e хербицид наменет за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни теснолисни плевели кај шеќерна репка, сончоглед, соја, грав, грашок, хељда, детелина, домат, маслодавна репка, тутун, некои видови на лук и пиперка. Може да се користи и кај луцрка, памук, лен, леќа, компир, морков, целер, спањак, салата, зелка, диња, лубеница и кај повеќегодишни насади. Доза од 0,5 – 1,2 L/ha се користи за сузбивање на едногодишни теснолисни плевели и самоникнати житни култури. Доза од 0,7 – 2,0 L/ha за повеќегодишни теснолисни плевели, див сирак и пиреј кај шеќерна репка, соја, сончоглед, маслодавна репка, луцерка, грав, грашок, лук, кромид (не за салата), домат (не за изразено ситноплодните сорти), и пиперка (не за раните сорти), праз, зелкови култури, морков, магдоноз, спањак, јаболка, винова лоза, капина, малина, рибизла и украсни растенија. Спектар на дејство: Agropyron repens, Agrostis spp., Alopecurus myosuroides, Apera spica - venti, Avena spp., Bromus spp., Cynodon dactylon, Digitaria spp., Echinochloa spp., Lolium multiflorum, Lolium rigidum, Panicum spp., Phalaris spp., Poa spp., Setaria spp., Sorghum bicolor, Sorghum halepense ( од семе и од ризом), Sorghum sativum, самоникнати житни култури, пченка и др. теснолисни плевели. Предупредување: Кај маслодавните култури треба да се применува само пред цветање. Растојанието помеѓу употребата на AGIL 100 EC и Каренца: 21 ден за спањак и магданоз, 28 дена за домат, морков, грав и лук ( да не се применува кај млад лук за салата), 42 дена за грашок, репка и пиперка, 56 дена за праз, лук и грав, 77 дена за шеќерна репка за силажа. За маслодавните култури, капина, малина и рибизла каренцата е обезбедена со времето на употреба. |
Добавувач: ДПТУ "МАГАН - МАК" ДОО - Скопје / веб страница Производител: MAKHENTESHIM-AGAN / веб страница |