Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Napropamide; Име на препарат: DEVRINOL 45 SC |
Употреба: Селективен системичен хербицид кој се употребува против теснолисни и широколисни плевели кај: ЈАГОДА - против едногодишни и повеќегодишни теснолисни и широколисни плевели во дози од 7-10 L/ha. Се користи кај пресадена и веќе посадена јагода. На пролет се прска површината на почвата. Доколку нема дожд во период од една недела, треба да се инкорпорира со наводнување до длабочина од 2,5-5 cm. Во касна пролет се прска површината на почвата. Доколку нема дожд во период од 24 часа, треба да се инкорпорира со наводнување. ТУТУН, ДОМАТ и ПИПЕРКА: - против едногодишни и повеќегодишни теснолисни и широколисни плевели во дози од 2,5-5 L/ha. Се користи пред расадување со прскање на почвата и инкорпорација до длабочина од 2,5-5 cm во период од два дена по примената. По расадување, површински се прска почвата проследено со вештачко наводнување од 1-2,5 mm (доколку нема дожд во период од ва дена). РАСАД на ТУТУН, ДОМАТ и ПИПЕРКА: - против едногодишни и повеќегодишни теснолисни и широколисни плевели во дози од 2,5-5 L/ha. Се употребува на површината на расадот после сеидба и секогаш на слој ѓубре или песок, додадени врз семето. Може да се прска со грбна прскалка и да се инкорпорира со наводнување. ЈАБОЛЧЕСТО ОВОШЈЕ (јаболко, круша), КОСКЕСТО ОВОШЈЕ (праска, касјија, слива, цреша, вишна), ЦИТРУСИ (портокали, лимони, мандарини, грејпфрут), ВИНОВА ЛОЗА (трпезно и винско грозје): - против едногодишни и повеќегодишни теснолисни и широколисни плевели во дози од 9-10 L/ha. Пред садење се употребува со прскање на почва после нејзина подготовка и се инкорпорира во длабочина од 5 cm, во период од 5 дена од примената (голите корења не треба да дојдат во допир со прсканата почва). За површинска примена после садење или кај посадени растенија се препорачува прскање на голи површини (ако има многу плевел се употребува заедно со тотален хербицид). Треба да се користи доста вода за да стигне до зоната на коренот. Доколку нема дожд во период од 7 дена, се наводнува со норма од 1-2,5 mm. Волуменот на работниот расвор за јагода, тутун, домат, пиперка, јаболчесто и коскесто овошје,цитруси и винова лоза е 400-500 L/ha, додека за расад на тутун, домат и пиперка е 200-250 L/100 m2. Предупредување: Може да се употребува најмногу еднаш во еден период на вегетација. Отпорност на ова средства покажуваат некои повеќегодишни плевели: Viola arvensis, Raphanus raphanistrum, Lamium amplexicaule, Sinapis arvense, Cirsium arvense, Solanu nigrum. Помалилте дози се за лесни, а поголемите за тешки почви. Јагодите не треба да се прскаат од цветање до берење. Производот не треба да се применува на почви со органска амтерија над 10%, како и на многу суви и песокливи почви. Каренца: Обезбедена со времето на употреба. |
Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница Производител: United Phosphorus Limited / веб страница |