Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Amidosulfuron; Iodosulfuron; Име на препарат: SEKATOR ® OD |
Употреба: SEKATOR OD е селективен транслокационен хербицид наменет за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни широколисни плевели кај пченица и јачмен. Содржи две активни материи јодосулфурон метилнатриум 2,5 % и амидосулфурон 10% како и протектант мефенпир диетил 12,5%. Формулиран е во вид на масло во вода. Плевелите го усвојуваат преку листовите и го транслоцираат преку ксилемот и флоемот низ целото растение. Неговото дејство предизвикува раградување на хлорофилот а како последица на тоа многу бргу плевелот престанува да расте и да се развива и во рок од 4 - 6 недели се суши и пропаѓа. Протектантот менфенпир - диетил го разградува хербицидот во стрните жита и на тој начин ги заштитува од негото дејство. Кај озима пченица и јачмен се користи во доза од 100 - 150 ml/ha (10-15 mL препарат на 1000 m2). Кај озима пченица се третира од фаза на почеток на братење па се до фаза на развиено второ коленце (21 - 32 BBCH) а кај прoлетна пченица од фаза на развиени 3 листа па се до крај на братење (13-30 BBCH), а кога плевелите се во фаза на интензивен пораст (2-6 листа). Се препорачува потрошувачка на вода од 200 - 400 L/ha. Спектар на дејство: Anagallis arvensis, Capsella bursa - pastoris, Galium aparine, Matricaria chamomilla, Myosotis arvensis, Polygonum aviculare, Polygonum convolvulus, Polygonum persicaria, Ranunculus arvensis, Raphanus raphanistrum, Sinapis arvensis. Нешто послаба ефикасност има кон: Apera spica - venti, Chenopodium album, Daucus carota, Fumaria officinalis, Lamium purpureum, Papaver rhoeas, Veronica hederifolia, Veronica persica, Viola arvensis, самоникнат сончоглед. Плевелите треба да бидат во стадиум од 2-8 листа. На тревници добро ги сузбива: Achillea millefolium, Cardamine pratensis, Rumex crispus, Rumex obtusifolius, Taraxacum officinale. Не ги сузбива: Alchemilla vulgaris, Anthemis arvensis, Cirsium arvense, Geranium dissectum, Stellaria media. Предупредување: Дозволен е само еден третман во текот на годината. Може да се меша со сите препарати од компанијата BAYER. Доколку се меша со други препарати да се направи тест за фитотоксичност. Каренца: Обезбедена со времето на употреба. |
Добавувач: ДПП „АГРОХЕМИЈА“ - Скопје - Скопје Производител: BAYER – Crop Science AG / веб страница |