Средства за заштита: АКАРАЦИДИ
Активни материи: Spirodiclofen;
Име на препарат: ENVIDOR 240 SC

Употреба:

Примена: Се употребува за контрола на: штетни пајаци и крушковата болва, во концентрација од 0,04 – 0,06 %. За заштита од крушковата болва се користи концентрација од 240 g/L во доза од 0,6 L/ha во фаза пред цветање (59/60 BBCH) или откако ќе се појават ларви од стадиум L1.Најдобри резултати се постигнуваат рано напролет кога 40-50% од јајцата ке преминат од бела во жолта боја. Со овој препарат може да се третира само еднаш во текот на вегетацијата на крушата. Кај јаболката се користи во иста концентрација (240 g/L) со доза од 0,4 - 0,6 L/ha за сузбивање на црвеното овошно пајаче и обичното пајаче. Третирањето треба да се направи кон крајот на цветањето (фаза 69 BBCH) откако ќе се појават подвижните форми од пајачето. Со употреба на ENVIDOR 240 SC кај јаболката заедно со црвеното и обичното пајаче се сузбива и рѓестата гриња (Aculus schlechtendali). Во тој случај оптимално време за апликација е кога ќе се забелажат 30 возрасни единки на лицето од листот. ENVIDOR 240 SC може да се користи и кај малината за заштита од ериофидната гриња на листот од малина. Концентрацијата треба да изнесува 240 g/L а дозата 0,4 L/ha. Се третира кога ќе се појават првите подвижни единки од инсектот. Дозволени се до две третирања. Кај виновата лоза се користи за сузбивање на ериофидната гриња во концентрација од 240 g/L и доза од 0,6 L/ha кога ќе се забележат првите подвижни форми од инсектот од појавата на првиот лист до поцеток на цветање (11 - 55 BBCH).


Предупредување:

Да не се третира во фаза на цветање, формирње или зреење на плодовите.ENVIDOR 240 SC треба да се користи со минимум 1000 L вода на хектар. Дозволена е само една апликација годишно.


Каренца:

14 дена за јаболка, круша и винова лоза. За малина каренцата е обезбедена со времето на употреба.



Добавувач: ДПП „АГРОХЕМИЈА” ДООЕЛ, Скопје - Скопје
Производител: BAYER - Crop Science AG - Германија / веб страница