Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Pirimicarb; Име на препарат: PIRIMOR |
Употреба: PIRIMOR 50 WC е системичен селективен афицид наменет за сузбивање на најтвдокорните лисни вошки. Содржи 50% активна материја пиримикарб. Може да се употребува кај овошки, винова лоза, зеленчук (освен кај салата, морков, целер и магдоноз во затворен простор), украсни растенија, титун, компир, поледелски култури, кајсија, малина, капина, боровница, рибизла, кинеска зелка и др. ОВОШНИ КУЛТУРИ, ВИНОВА ЛОЗА, ЗЕЛЕНЧУК, УКРАСНИ РАСТЕНИЈА - се препорачува концентрација од 0,04 - 0,06 % (40 - 60 g во 100 L на вода) за суабивање на лисни вошки. ТУТУН, КОМПИР и ПОЛЕДЕЛСКИ КУЛТУРИ (освен маслодавна репка после цветање) - се препорачува во доза од 400 - 600 g/ha за сузбивање на лисни вошки. КАЈСИЈА, МАЛИНА, КАПИНА и БОРОВНИЦА - се препорачува во концентрација од 0,04 – 0,06% (4 - 6 g/10 L вода) за сузбивање на лисни вошки кога ќе биде забележано нивното присуство. РИБИЗЛА - во доза од 0,5 kg/ha за сузбивање на лисни вошки КИНЕСКА ЗЕЛКА -во доза од 420 g/ha со потрошувачка на вода од 300 - 600 L/ha за сузбивање на зелкови лисни вошки. Предупредување: Во текот на една иста вегетација на иста површина може да се применува најмногу еднаш кај кајсија, малина, капина, боровница и кинеска зелка. најмногу два пати кај коскести овошни видови, салата, грашок, пиперка, коренест зеленчук, пченица, луцерка, тутун и поледелски култури. Најмногу три апликации кај јаболчестите овошни видови, зелкови култури, домат и грав. Најмногу 4 апликации кај јагода, краставица, компир, шеќерна репка, тутун. Каренца: 3 дена за кинеска зелка, 4 дена за краставица и корен на шеќерна репка, 7 дена за домат и компир, 14 дена за јаболка, круша, цитрусно овошје, вишна, јагода, грашок, грав, праз, коренест зеленчук на поле, салата на поле, спањак, блитва, зелкови култури, пиперка и листови од шеќерна репка. 21 ден за малина, капина, боровница, житни култури, луцерка и тутун. 28 дена за кајсија, праска, слива, соја и останати поледелски култури. 35 дена за винова лоза. |
Добавувач: „ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Скопје / веб страница Производител: SYNGENTA LIMITED |