Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: Metaflumizone;
Име на препарат: ALVERDE

Употреба:

ALVERDE е контактен инсектицид со контактно и дигестивно дејство. Спаѓа во групата на проинсектициди бидејќи инсектицидното дејство го покажува кога инсектите ќе го внесат во цревниот тракт. Содржи 240 g/kg, активна метрија метафлумизон. Делува на сите развојни стадиуми на ларви и воздрасни инсекти, веднаш по внесување во телото на инсектот а ефектот е видлив само по неколку часа од внесувањето. Може да се употребува кај компир, домат, зелка, модар патлиџан, пиперка, салата и др. За заштита на компир и пченка од компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) се препорачува во доза од 0,2 - 0,25 L/ha. Може да се употреби најмногу два пати во текот на вегетацијата во интервал од 7-14 дена со потрошувачка на вода од 200 - 400 L/ha. Се третира кога ќе се надмине прагот на штетноста и тоа од фенолошкатафаза на појава на петиот лист до почеток на созревање на плодовите (кртоли) (BBCH 15-89).Кај домати (во затворен простор) и пиперки (во затворен простор) се користи за сузбивање на ноќници, совици (Noctuidae), како што се совица гама (Autographa gamma), памукова совица (Heliothis armigera), (Spodoptera littoralis) и тоа во доза од 1 L/ha. Се третира кога ќе се премине прагот на штетноста и тоа од фенолошката фаза кога е видливо првото примарно-секундарно стебло до почетокот на полна зрелост:плодовите ја имаат типичната боја на зрелост (BBCH 21-89). Кај зелката може да се употреби за сузбивање на голем зелкат и совици во доза од 1 L/ha. За заштита на пченка од пченкин пламенец се препорачува доза од 1 L/ha. За заштита на салата од совици се користи доза од 1 L/ha.


Предупредување:

Нема ограничување при мешање со фунгицидите Acrobat MZ WG и Polyram DF, како и инсектицидите Fastac 10 ЕС и Perfekthion но треба да се запази редоследот на мешање според видот на формулацијата.


Каренца:

Каренцата е 14 дена за компир, 3 дена за зелка и слата, 1 ден за домат, пиперка и пченка.



Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница
Производител: BASF SE Ludwigshafen