Средства за заштита: НЕМАТОЦИДИ
Активни материи: Fosthiazate;
Име на препарат: NEMATHORIN 10G

Употреба:

NEMATHORIN 10G е органофосфорен нематоцид кој се користи за сузбивање на цистолики нематоди кај компир и домат. Содржи 100 g/kg активна материја фостиазат. КОМПИР: во количина од 30 kg/ha за сузбивање на компирови цистолики нематоди (Globodera restochiensis и Globodera pallida). Се применува истовремено со садењето на компирот или до 3 дена пред садењето на целата површина или во редови, со рамномерно инкорпорирање во почвата, на длабочина од 10-15 cm;         ДОМАТ: во количина од 30 kg/ha  во поле или стакленик за сузбивање на нематоди на кореновите израстоци (Meloidogyne spp.). Се применува истовремено со пресадување или до 3 дена пред пресадување, по целата површина или во редови со рамномерно инкорпорирање на длабочина од 10-15 cm.


Предупредување:

Може да се користи еднаш годишно на иста површина.


Каренца:

До 28 дена за пченка за силаж. Каренцата е обезбедена со времето на примена кај компирот, доматот и кај пченката за зрно.



Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница
Производител: ISK Biosciences Europe