Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Pyrimethanil;
Име на препарат: PYRUS 400 SC

Употреба:

PYRUS 400 SC е фунгицид, инхибитор на биосинтезата на метионин за сузбивање на болести кај виновата лоза, јаболката, доматот, јагодата, салатата, гравот, сточниот грашок и некои украсни растенија. Содржи 40% активна материја пириметанил. Кај виновата лоза се користи за сузбивање на сивата мувла (Botrytis spp.), во концантрација од 2 - 2,5 L/ha со потрошувачка на вода од 1000 L/ha во периодот од крајот на цветање па се до затворање на гроздовите. Кај јаболката се користи за сузбивање на краставост на плодот и листот во концентрација од 0,75 l/ha до стадиум на опаѓање на венечните ливчиња со потрошувачка на вода од 150 - 400 L/ha. Кај јагодата и малината се користи за сузбивање на сивата мувла во концентрација од 2 L/ha со порошувачка на вода од 150 - 400 L/ha кај јагода и 1000 - 1500 L/ha кај малина. Кај доматот на отворено и во заштитен простор како и кај салата исто така се користи за сузбивање на сивата трулеж во концентрација од 2 L/ha со потрошувачка на вода од 150 - 400 L/ha. За заштита на гравот од сивата плесен се препорачува концентрација од 1,5 L/ha со порошувачка на вода од 150-400 L/ha, a кај грашокот и сточниот грашок за сузбивање на сива мувла и антракноза во концентрација од 1,5 L/ha, со потрошувачка на вода од 150-400 L/ha во текот на вегетација. Кај ружата, петунијата и кај некои други украсни цветни растенија се препорачува концентрација од 2,0 L/ha, со потрошувачка на вода од 150-400 L/ha за заштита од сивата мувла.


Предупредување:

Максимално три третирања во сезона за јаболка, јагода, домат, краставица, и до две третирања кај салата, грав, сточен грачок и украсни растенија.


Каренца:

3 дена за јагода, малина и домат; 14 дена за грав и грашок; 20 дена за сточен грашок; 21 ден за салата; 28 дена за винова лоза; 56 дена за јаболка.



Добавувач: ТДПТУ „АГРО ЈУНИКОМ“ ДООЕЛ увоз-извоз - Скопје / веб страница
Производител: AGRIPHAR S.A / веб страница