Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Metrafenone; Име на препарат: VIVANDO |
Употреба: Vivando е многу ефикасен локално системичен фунгицид наменет за сузбивање на пепелница кај виновата лоза (Uncinula necator). Содржи активна материја метрафенон во концентрација од 500 g/L. Се препорачува негова употреба во концентрација од 0,02 % (20 ml на 100 l вода). Првото третирање се спроведува во периодот кога постои опасност од зараза, најрано во стадиум на пет листа до затворање на редовите (BBCH 15-81) во период од 10-14 дена. Во случај на многу поволни услови за зараза (голема количина на дождови) и интензивен раст на зелена маса третирањето треба да се направи во помали интервали. Дозволени се максимално три апликации во текот на вегетацијата. Се препорачува потрошувачката на вода да биде од 400-1600 l/ha. Предупредување: Може да се меша со најголем дел од пестицидите кои се употребуваат во заштита на виновата лоза. Каренца: 28 дена |
Добавувач: ДОО "ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ" - Велес Производител: BASF / веб страница |