Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: difenoconazol; Име на препарат: DIVIDEND FORMULA M |
Употреба: Системичен фунгицид со широк спектар на дејство. Се употребува за третирање на семиња, односно за контрола на болестите кои се пренесуваат преку семињата кај житните култури. Со овој производ се врши деконтаминација на семињата на житните култури пред сеење (ВВСН 00). Се употребува кај следните житни култури: а) пченица: против фузариозно гниење на коренот (Fusarium spp.) во доза од 150 mL/100 kg семе; ‐ против тврда гламница (Tilletia caries) во доза од 150 mL/100 kg семе ‐ против прашна гламница (Ustilago tritici) во доза од 167-200 mL/100 kg семе ‐ против септориоза (Leptospheria nodorum) во доза од 187,5 mL/100 kg семе ‐ против џуџеста гламица (Tilletia controvera) во доза од 200 mL/100 kg семе б) јачмен: ‐ против фузариозно гниење на коренот (Fusarium spp.) во доза од 150 mL/100 kg семе; ‐ против линиско кинење на лисјата (Pyrenophora graminea) во доза од 200 mL/100 kg семе; в) `рж ‐ против фузариозно гниење на коренот (Fusarium spp.) во доза од 150 mL/100 kg семе; ‐ против стаблеста гламница (Urocystis occulta) во доза од 150 mL/100 kg семе; Предупредување: Треба да се применува само со специјална техника, која гарантира точно дозирање на производот и квалитетно покривање на семињата. Третираните семиња треба да се сеат внимателно, кога нема ветер и кога ќе се обезбеди нивно целосно покривање со земја. Каренца: |
Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница Производител: Syngenta Crop Protection AG / веб страница |