Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ
Активни материи: Isoxaflutole;
Име на препарат: MERLIN ® 750 WG

Употреба:

MERLIN ® 750 WG e почвен препарат наменет за сузбивање на едногодишни широколисни и некои теснолисни плевели кај пченка. Содржи 75% активна метрија изоксафлутол која го инхибира ензимот хидроксифенилпируват диоксигеназа (HPPD) кој е одговорен за синтеза на каротеноиди. Без присуство на кротеноиди молекулата на хлорофил брзо се разградува па новосоздадените листови на плевелот се светложолти до бели. Плевелите го усвојуваат преку ксилемот и флоемот при што се проширува во целото растение. Се употребува после сеидба а пред никнење на пченката или веднаш по никнење на културата во доза од 0,1 - 0,13 kg/ha со потрошувачка на вода од 200 - 300 L/ha. На тврди, кохезивни почви треба да се употреби повисоката концентрација. Во некои земји дозволено е третирање до фаза на 3 листа кај пченката. Спектар на дејство: Abutilon theophrasti, Amaranthus spp., Ambrosia elatior, Capsella bursa - pastoris, Chenopodium album, Datura stramonium, Galinsoga parviflora, Hibiscus trionum, Matricaria inodora, Myosotis arvensis, Polygonum lapathifolium, Polygonum pensylvanicum, Polygonum persicaria, Portulaca oleracea, Raphanus raphanistrum, Sinapis arvensis, Solanum nigrum, Stellaria media, Veronica persica, Viola arvensis, Xanthium spp. Послабо (< 75 % ефикасност) има кон: Digitaria sanguinalis, Echinochloa crus - galli, Panicum dichotomiflorum, Setaria spp., Sorghum halepense ( од семе).


Предупредување:

Ефикасно ги сузбива плевелите отпорни на атразин. Може да се применува во комбинација со некој препарат на база на ацетанилид. Не треба да се меша со почвата, не се распаѓа на светлина и не испарува. Ефикасен е и во сушна пролет. Може да покаже фитотоксичност кон некои рани хибриди после обилни дождови или на песоклива почви каде pH > 7,5. Не треба да се користи во комбинација со EC формулации, масла и наквасувачи. Во случај на пропаѓање на посевот дозволено е да се сади само пченка.


Каренца:

Обезбедена со времето на употреба. Пченката не треба да се силира пред фаза на млечна зрелост. Содржината на активната материја се намалува за 50%, 120 дена по примената на MERLIN 750 WG.



Добавувач: ДПП „АГРОХЕМИЈА“ - Скопје - Скопје
Производител: BAYER – Crop Science AG / веб страница