Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Prosulfuron; Име на препарат: PEAK 75 WG |
Употреба: PEAK 75 WG е наменет за сузбивање на најзначајните едногодишни широколисни плевели кај пченката. Содржи активна материја просулфурон во концентрација од 75%. Пченката во моментот на третирање не треба да има повеќе од 5 лста а плевелите не треба да имаат повеќе од 4 листа. Се препорачува доза од 20 - 30 g/ha со додавање на наквасувач од 300 ml/ha. Се применува фолијарно после никнење на пченката во стадиум од 3 - 5 листови. Спектар на дејство: Abutilon theophrasti, Amaranthus retroflexus, Ambrosia elatior, Bilderdykia convolvulus, Capsella bursa - pastoris, Chenopodium album, Datura stramonium, Helianthus annuus, Hibiscus trionum, Mercurialis annua, Polygonum lapathifolium, Polygonum persicaria, Portulaca oleracea, Raphanus raphanistrum, Senecio vulgaris, Sinapis arvensis, Solanum nigrum, Stachys annua, Stellaria media, Xanthium spp. Делумно делува и на: Agropyron repens, Rumex spp., Sorghum halepense. Предупредување: Да се избегнува негова употреба ако се користени почвени органофосфорни инсектициди. Може да се употреби само еднаш во годината. Каренца: 21 ден за силажна пченка и 56 дена за пченка за зрно. |
Добавувач: „ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Скопје / веб страница Производител: SYNGENTA CROP PROTECTION AG / веб страница |