Име на болест: Коњштип - Grilotalpa grilotalpa
Култура: КОМПИР
Опис: Презимува како ларва од трет степен на длабочина и до 1 метар. Понекогаш презимуваат и имагата. Ларвите напролет го продолжуваат развојот а во средината на јуни настапува роење на имагото. Парењето се одвива на површината на почвата па женките се спуштаат во почвата копаат длабок ходник и на длабочина најмалце до 10 цм на крајот на ходникот формираат комора со цврсти ѕидови колку средна кртола на компир. Тука положуваат околу 350 - 600 јајца. По две недекли се пилат ларвите, наликуваат на мравки кои остануваат во леглото во заедница со мајката се до второто понекогаш и третото пресоблекување. Потоа се растураат копаќи одвоени ходници. Развојот го завршуваат следната година.
Полифаген штетник е особено кај расадите на градинарските култури. Копајќи плитки ходници го прегризува коренот на растението. Копајќи ходници конзумира и храна од животинско потекло полжави ларви на инсекти и др.



повеќе слики >>

Препарати