Опис: Y вирусот обфаќа голем број слоеви, кои врз основа на нивните особини се делат во три групи: Y(0), Y(n) I Y(c). Најпознатата болест која ја предизвикува Y(0) вирус на доста голем број сорти компир е рѓата. На лисните жили на растението израснати од заразените кртолки се појавуваат темносиви дамки во облик на ленти и цртки, а на пожолтеното лисно ткиво хлорофилни прстени. Долните листови предвремено се сушат, висат на стеблото и опаѓааѕ. На горните листови се појавуваат мозаични пеги, распоредени преку лисните жили со набрана површина. Рѓата постепено се шири на стеблото, кои стануваат кршливи како да се од стакло. Заболените растенија предвремено се сушат, кај некој сорти веднаш по никнувањето(дезире). Познати се и такви сорти компир кој не покажуваат рѓа туку само мозаик и полегнување на расадот. Бројот на гомолите се смалува. Примарните симптоми кај сите сорти се скоро подеднакви. По правило се појавуваат на едно стебло, на листот на кој заразата е внесена во вид на темни дамки некротични на жилите. Потоа листот жолтее и се појавуваат фигури од хлорофил во облик на прстенови и полукругови со темнозелена боја. Болеста се шири по листот во правец на врвот, а листовите испод првобитниот заразен лист не покажуваат никакви знаци. Вирусот се шири со допир и преку лисни вошки. Вошките го пренесуваат механички со забодување на рилката во заболеното растение за цицање на соковите, се контаминира од вирусот. Од тој момент го пренесува вирусот но таа способност не трае подолго од еден сат. Вирусот е неперзистентен.
|