Име на болест: Свиткување на лист - Potato leafrol virus
Култура: КОМПИР
Опис: Оваа болест на листот на компирот се познава по тоа што на заразеното растение листовите се свиткуваат нагоре, па добиваат облик на лажица. На растенијата кои се пораснати од заразени кртолки(секундарна зараза) се отчитува завиткување на долниот дел од стеблото, па постепено се шири према врвот. Заразенато растение е со послаб пораст и со светла боја, листовите штрчат во вис, на допир е круто и шушка. На најстарите листови рабовите на листовите некротираат, а пред тоа кај некој листови бојата се менува во виолетова. Се намалуват бројот на кртолки и нивната дебелина. На растенијата кој се заразуваат во текот на вегетацијата, примарна зараза се приметува венење на листовите на горниот дел при врвот на стеблото. На овенатото лисје при дното зелената боја преминува во плавовиолетова или црврнкаста, што зависи од сортата, кое воедно е и нај типичен знак на примарна зараза.



повеќе слики >>

Препарати