Опис: Предизвикувачи се габите Verticillium albo - atrum, Verticillium dahliae, паразити кој се одржуваат во почвата во вид на посебни органи за конзервација. Инфекцијата се случува преку коренот, од каде што паразитот се шири по спроводниот систем на растението. На заболеното растение прво се појавуваат хлоротични, а потоа некротични дамки на постарите листови и кафеава обоеност на спроводниот систем кој се приметува на пресек. Избор на отпорни сорти дезинфекција на почвата, произвотство на здрав расад и плодоредот се единствените ефикасни мерки. Во плодоредот да се исклучат растенијата кој се позната како домаќини на паразитот. Повеќето нови сорти и хибриди припаѓаат на групата т. н VF селекција, односно носи во себе вградена генетска отпорност према паразитот.
|