Опис: Едногодишно растение високо 15 - 45 цм. Стеблото е исправено покриено со ретки влакненца. Листовите се на дршките долги 4 - 7 цм. Долните се овални малку разделени, а останатите се драбоко разделени на 3 - 5 делови. Цветовите се поединечни имаат дијаметар околу 4 мм жолти по боја, при основата темноцрвени или виолетови. Се наоѓаат во пазувите на листовите. Се јавува од јуни до август. Плодот е округол брадавичеста чаура. |