Опис: Презимува како ларва од трет степен на длабочина и до 1 метар. Понекогаш презимуваат и имагата. Ларвите на пролет го продолжуваат развојот, а во средината на јуни настапува роење на имагото. Парењето се одвива на површината на почвата па женките се спуштаат во почвата копаат длабок ходник и на длабочина најмалку до 10 цм на крајот на ходникот формираат комора со цврсти ѕидови колку средна кртола на компир. Тука положуваат околу 350 - 600 јајца. По две недели се пилат ларвите, наликуваат на мравки кои остануваат во леглото во заедница со мајката се до второто, понекогаш и третото пресоблекување. Потоа се растураат копајќи одвоени ходници. Развојот го завршуваат следната година. Копајќи плитки ходници го прегризува коренот на растението. Копајќи ходници конзумира храна и од животинско потекло како што се полжави, ларви на инсекти и др. |