Опис: Едногодишно растение. Целосен паразит. Нема корен ни листови, ниту пак можност за фотосинтеза, затоа целата храна ја цица од растението домаќин. Тенко, нежно стебло со кое се обвиткува околу растенијата на кое паразитира и ги исцрпува. Цветовите се ситни и групирани. Се јавува од мај до август. Плодовите се ситни. Може да произведе до 3000 семки кои се ртливи 5 - 6 години. Ако се намножи во посевот може да го опустоши. |