Име на болест: Слачец голем (грамафонче) - Calystegia sepium
Култура: ПЛЕВЕЛИ
Опис: Повеќегодишно растение со полегнато стебло долго до 3 метри кое се завиткува околу другите растенија или предмети. Се качува по меѓи и огради. Коренот е разгранет, силен и меснат. Поретко навлегува повеќе од 30 cm. Листовите се стреласто срцевидни и крупни. Цветовите се поединечни, големи со трубест изглед бели и розеви, без мирис. Плодот е чаура. Продуцира 100 - 400 семки. Се размножува со семето и преку коренот. Надземните делови во допир со почвата се вкоренуваат.



повеќе слики >>

Препарати