Име на болест: Апоплексија-еска - Polyporus igniarius,Sterium hirsitum
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Комплексна болест која сукцесивно ја предизвикуваат повеќе габи а се манифестира во вид на бело гниење на чокотот. Директно е условена од суша во лето и ниски температури во зима. Постојат два вида хроничен –лисјата се сушат и опаѓаат, а другиот акутен ненадејно и брзо може да се исуши целата лоза. ёпрвите симптоми се забележуваат после цветање и во тек на цела вегетација. На листовите се јавуваат жолтеникави(кај бели сорти), или црвенкасти (кај црни сорти) некротични дамки помеѓу нервите. Најпрвин ги зафаќа листовите во основата на ластарите а потоа и останатите. Некрозите се шират, листот се суши и паѓа предвреме. Заразените гроздови изгледаат нормално но зрната не се равиваат правилно и не зреат навремено. Понекогаш епидермисот на зрната има темновиолетови дамки.



повеќе слики >>

Препарати