Име на болест: Вирусно зелено шаренило на краставицата - Cucumber green mottle mosaic tobamovirus
Култура: КРАСТАВИЦА
Опис: Штетен е при одгледување на краставицата во заштитени простори, пластеници и оранжерии, каде што може  да го намали приносот до 15%, а во текот на зимското производство и до 30%. Го намалува и квалитетот на плодовите. Почетните симптоми се слабо осветлување и набирање на нерватурата, а подоцна се развива светло до темнозелен мозаик.   Вирусот предизвикува накадрување на листот. Лиските се деформирани и деформираниот дел од лиската има интензивна зелена боја. На плодовите се појавува слабо изразен мозаик со бледозелена боја. Плодовите стануваат светлозелени или бели, со мал дел зелена боја и деформирани. Вирусот се пренесува со семето од краставицата, со заразени растителни остатоци и по механички пат. Вирусот се одржува во растителните остатоци во почвата. Да се користи здраво семе, семето може да се дезинфицира.



повеќе слики >>

Препарати