Име на болест: Вирус на мозаик на луцерка кај пиперка - Alfalfa mosaic virus
Култура: ПИПЕРКИ
Опис: Првите симптоми кај пиперката се забележуваат уште во леите, на котиледонските ливчиња има белузлави до жолтеникави разлиени дамки. Подоцна, растенијата заостануваат во развојот. Листовите се малку деформирани, а на нив се јавуваат светлозелени, а потоа жолти дамки, кои најпосле кај старите листови побелуваат. Тоа е карактеристично жолто шаренило по кое болните растенија лесно се препознаваат. Болните растенија послабо цветаат, плодовите се малку деформирани. Вирусот се одржува во повеќегодишни растенија - домаќини. Од овие извори, како и во текот на вегетацијата,   го пренесуваат на неперзистентен начин најмалку 13 видови лисни вошки. Исто така може да се пренеси со семе. Вирусот се инактивира при температура од 60 до 650C. Да се користи здраво семе, во леите да се отстрануваат болните растенија. Редовно уништување на лисните вошки во леите и до плодоносењето со систематични инсектициди, за да се намалат заразите. Да се одгледуваат на површини каде претходно не се одгледувало луцерка, а исто така и подалеку од посеви со луцерка и детелина.



повеќе слики >>

Препарати