Опис: Штетноста на вирусот се одразува на приносот и лош квалитет на плодовите. Кај рано заразени растенија загубите можат да бидат од 60 - 100% од очекуваниот принос. Симптомите на вирусот на краставица на пиперката варира зависно од осетливоста на сортата, сојот на вирусот, фенофазата на инфекција, условите на средината. Основен симптом е мозаикот. На листовите во почетокот се појавува хлоротичен мозаик, а потоа неправилни, округли жолти дамки. Листовите стануваат стеснати, издолжени, некој остануваат кратки и ситни, некој со јако изразени нерви и средишниот нерв во цик - цак положба. Порази изобличување на цветот и стерилност на поленот се оплодуваат мал број на цветови. Формираните плодови се заостанати, деформирани, често со некрози на површинското ткиво. По должината на стеблото се појавуваат некротични дамки со темна боја. Заразените растенија го потикнуваат развојот на спијачките израстоци и скратување на меѓуколенцата. Заради овие промени растенијата имаат жбунест и метличав изглед. Во природата овој вирус се одржува во голем број едногодишни и повеќегодишни одгледувани растенија и плевелна флора. Извор на зараза претставуваат и остатоците од заразените растенија. Од заразените растенија вирусот го пренесуваат лисните вошки како (Mysus persicae, Aphis fabae). Механичкото пренесување е помалку успешно. Како мерка за сузбивање се препорачува одгледување на расад на незаразен супстрат. Во плодоредот да не бидат вклучени култури осетливи на вирусот како краставица, диња, спанаќ. Уништувањето на плевелите е основна заштита. Третирањето со инсектициди е една од препорачливите мерки за спречување на ширењето на заразата. |