Опис: Едногодишен ранопролетен плевел - полупаразит. Стеблото е исправено, разгрането, слабо влакнесто, често пати виолетово високо 20 - 50цм. Семето во почвата никнува во март - април, на температура преку 12 c Еден дел од корењата на црнилката се прицврстува за корењата на житните култури и на тој начин се обезбедува со вода и минерални материи. Цвета во мај - јуни. Семето созрева заедно со житните култури. Еден дел од семето паѓа на површината а поголем дел се прибира со културните растенија. Ги заплевелува скоро исклучително житните култури а многу ретко окопните култури. Семето содржи алкалоид ринантоцијан, кој штетно дејствува врз нервниот систем кај човекот ако дојде до брашното. Тестото има горчливо - кисело - сладникав вкус а лебот добива темно - црвена боја. Кај нас е карантински плевел. Семенскиот материјал и меркантилното семе не смеат да содржат повеќе од 0, 1% семе од црнилката.
|