Опис: Повеќегодишно растение, високо 10 - 50 cm. Има подземни органи ризоми кои се долги и до неколку метри, а продираат длабоко и до четири метар во почвата. Ризомите се разгрануваат и на нивните задебелувања се развиваат нови растенија. Ризомите даваат два вида надземни стебла плодни и неплодни. Плодните стебла се долги 5 - 30 cm, со дијаметар 3 - 5 mm, со црвенкаста до сивкаста боја, односно жолти или розеви. Имаат околу 5 членчиња. На нив се наоѓаат 6 - 12 листови долги до 2 cm. Неплодните стебла се долги 5 - 50 cm со дијаметар 3 - 5 мм зелени, груби со 6 - 19 членчиња. Имаат многу зелени гранки кои понекогаш и понатака се разгрануваат воглавно во долните етажи. На неплодните стебла има 6 - 18 листа долги до 1 cm. Плодните стебла избиваат пред неплодните, а одумираат по зреењето на спорите. Растението се размножува спорално и вегетативно. Спорите зреат и ртат напролет а се разнесуваат со помош на ветер, вода, животни. |