Име на болест: Штир,бел - Amaranthus albus O.
Култура: ПИПЕРКИ
Опис: Moнокарпен едногодишен доцно - пролетен плевел. Стеблото е исправено или полегливо до полуполегливо, силно разгрането уште од основата, голо, високо 20 - 80цм. Листовите се издолжени обратно овални или лопатести. Се разммножува со семе. Се шири анеморфно зоохорно и антропохорно. Никнува на длабочина од 0. 5 до 4цм при температура од 25о. Масовно никнува во втората во втората половина на мај и подоцна. Ги заплевелува скоро истите култури како и обичниот штир. Обично се јавува во посеви кои се релативно чисти од други плевели и  ако почвата не е третирана со некој хербицид. Се уништува на ист начин како и обичниот штир.



повеќе слики >>

Препарати