Опис: Монокарпен едногодишен есенско - пролетен плевел. Стеблото е исправено, разгрането и релативно ниско. Соцветието е штит со многу ситни, бели цветови. Масовно никнува во март - април, понекогаш и порано. Цвета и плодоноси од мај до јуни. Ги заплевелува житните и другите култури со густ склоп, но најзначаен е кај стрнишни жита, граорот и другите култури. Биолошки е сличен на широколисната подланица. |