Опис: Има 1 генерација на 2 години. Презимува како ларва или имаго. Имагото се јавува од јуни до август. Имагата може да причинат штета на кората од стеблата, но позначајни се само при масова појава и кај млади растенија. Главните штети ги причинуваат ларвите. Со својата исхрана ларвата врши прстенисување на кората од стеблото или корењата. Уништувањето на жилогризот е многу тешко, бидејки ларвите целит свој живот го поминуваат во почва. Најзначајни се превентивните мерки, агротехничките, хемиските со фолијарни третмани или заливање на садниците преку системите за наводнување за сузбивање на ларвите пред вбушување во кореновиот врат со инсектициди и тоа: фипронил, пиридафентион. |