Опис: Има 2 генерации годишно. Презимува возрасна гасеница во зимска кокона под кората, во долниот дел на стеблото, а ретко и во површинскиот почвен слој. Штетите се посебно големи од втората генерација . Појавата на сливиниот црв е поинтезивна во влажни и студени лета. Мониторингот се врши со мирисни мамки со оцет и меласа и со фермонски мамки. Се преземаат мерки како и кај јаболковиот црв. Најважно за контрола на штетникот е правилно одредување на времето на појава на пеперутките и нивниот максимален лет. |