Име на болест: Шумски скакулец - Isophia tenuicerca
Култура: ВИШНА
Опис: Шумскиот скакулец е редовно присутен во ентомоценозата на нискостеблена шумска фитоценоза. Тоа е вид кој повремено грегаризира и како полифаг нанесува штети во шумарството и земјоделството, особено во производството на тутун, винова лоза, компирот, гравот и други култури. Шумскиот скакулец има една генерација годишно. Презимува во стадиум на јајце. Ларвите во почетокот се хранат со лисјата од грмушките и растенијата, а потоа преминуваат на земјоделските култури во подноќјето на ридовите. Шумскиот скакулец најчесто нема економско значење и посебни мерки за контрола се превземаат само по потреба, односно при масовна појава на видот.



повеќе слики >>

Препарати