Име на болест: Бела мушичка- Штитест молец - Siphoninus phillyreae
Култура: КАЛИНКА
Опис: Возрасните единки се хранат исклучиво со листовите на калинката. При јаки зарази, листовите овенуваат и опаѓаат а на сметка на тоа плодовите се намалуваат. Оваа мушичка е карактеристична по тоа што лачи и медена роса на која се населува габата Чадливка и причинува дополнителни штети. Имагата се јавуваат во јуни, август и октомври. Превентивни мерки за спречување на појавата од овој штетник се: користење на здрави садници, насадување меѓупосеви од грмушки кои се зимски домаќини на штетникот, како и кроење на овошката. Иако се познати многубројни инсектициди кои се користат во борба против овој штетник, нивната премена не гарантира во целост комплетна редукција на штетникот. Хемиските средства на база на неоникотиноиди, се покаѓале добри во уништувањето на штетникот но сепак доколку постои негово присуство на околната вегетација, ќе настане повторна зараза. Доколку производителот се одлучи за хемиско третирање, би требало да обрати внимание на тоа да при апликацијата на средството биде опфатен горниот дел од листот на калинката.



повеќе слики >>

Препарати