Име на болест: Вештеркини метли кај црешата - Taphrina weisneri
Култура: ЦРЕША
Опис: Оваа болест се манифестира со така што од заразените пупки се развиваат ластари што личат на , , метли‘‘ . На црешата се јавува ретко. Првите листвои кои се појавуваат, имаат црвенкава боја . Потоа тие хипертрофираат и стануваат ненормално големи, здебелени и малку накадравени. На опачината од листвоите се појавува сивкаста навлака од аскуси со аскоспори. Најпосле листовите стануваат кафеави и изумираат, но не опаѓаат. Габата која ја причинува оваа болест се одржува во вид на мицелија во дрвенестите делови . Од лисните пупки се развиваат хипертрофирани листови, а од пупките од заразениот лист дрвенест дел се развиваат , , вештеркини метли‘‘ . Болеста се разива во почетокотна вегетација , при влажно , врнежливо и студеникаво време. Спречувањето се изведува со режење на вештеркините метли на 25 см подолу од заразеното ткиво.



повеќе слики >>

Препарати