Име на болест: 'Рѓа на листот и стебло од капина - Phragmidium violaceum
Култура: КАПИНА
Опис: Причинител на ова заболување е габа чии спори можат многу лесно да се шират со помош на ветерот. Симптомите на болеста се најчесто насочени кон листовите и стеблото. На горната површина од листовите се јавуваат виолетови точки. На долната површина , се јавуваат округли дамки со портокалово - виолетова нијанса. Сериозно - инфицираните листови можат да дехидрираат и да дојде до нивно свиткување. Постарите, и оние листови кои се поблиску до стеблото изумираат побрзо од останатите. Цветовите и плодовите на заразената капина може да се случи да не созреат. Потенцијалниот извор на инокулум може да се намали со употреба на соединенија кои содржат вар и сулфур. Хемиските тактики се применуваат со цел да се заштитат здравите и помлади растителни ткива. Наесен, во месец септември се препорачува и апликација на фунгицид. Како превентивна мерка се препорачува отстранување на заболените делови од растението.



повеќе слики >>

Препарати