Име на болест: Житен трипс - Limothrips cerealium
Култура: ОВЕС
Опис: Житните трипси имаат 1 - 2 генерација годишно. Презимуваат вв стадиум на имаго во почва или растителни остатоци. Ларвите и имагата со својата исхрана причинуваат штети кај житата. Предизвикуваат бели дамки на листот и редукција на асимилационата маса. При исхрана на класот причинуваат редукција на приносот на зрното. Нападот на трипсите на класт лесно се распознава. Врвните зрна се штури, лесни, исфрлени од лежиште, осилата се во сите правци. Класот е растроен. Кога ќе ги ишмукаат врвните трипси се симнуваат подолу во основата на класот. Успешна контрола на популацијата на житните трипси се постигнува со висока агротехника (плодоред, обработка, ѓубрење, наводнување, запазување на роковите на сеидба и прибирање на родот, палење на стрништата).



повеќе слики >>

Препарати