Име на болест: Прашковидна гламница на овесот - Ustilago avenae
Култура: ОВЕС
Опис: Оваа болест е распространета секаде каде што се одгледува овесот. Може да биде штетна во случаи кога за сеидба се користи заразено и недезинфецирано семе. Болните растенија се нешто пониски од здравите. Класењето не е истовремено како кај здравите растенија. Габата го разградува зрното, плевите и плевиците. Паразитот се пренесува исклучиво со заразено семе. Со употреба токму на заразено семе, телеутоспорите ртат во зачетоци од хифи и навлегуваат во младите растенија. Инфекциите се остваруваат при температури 5 - 30 степени, но најмасовното ртење на телеутоспорите сње остварува на 15 - 25 степени и влажност 35 - 40% од ПВК. Спречувањето се изведува како и кај правовидната гламница на пченицата.



повеќе слики >>

Препарати