Опис: За разлика од вирусoт на цртечестиот мозаик, хлорозните црти што ги предизвикува овој вирус се подолги. Ранозаразените растенија заостануваат во развојот и обрануваат скратени класови. Болеста се јавува во вид на огништа и лесно се распознава. Бочните братимки или не искласуваат или пак, образуваат празни класчиња. Вирусите се одржуваат во природно заразени повеќегодишни монокотиледонски растенија. Не се пренесува со семе туку со вектори како вошки, житна пијавица, бувачи, нематоди. Мерка за заштита е уништувањето на самоникнатите растенија по жетвата и уништување на инсектите |