Име на болест: Житна стеблена оса - Cephus pygmeus L.
Култура: 'РЖ
Опис: Има 1 генерација годишно. Презимува возрасна ларва во стеблото на житата. Испилената ларва се вбушува во стеблото и се движи кон основата. Го разрушува централниот дел на стеблото, каде што се наоѓаат спроводните садови. Нападнатите растенија заостануваат во порастот, даваат закржлавени класови а зрната се мали. Нападнатите стебла се кршат многу лесно.
Мониторинг: Се користат жолти водени садови.
Мерки за контрола се агротехнички и хемиски мерки.



повеќе слики >>

Препарати