Име на болест: Гниење на стеблото, мувлосување на кочанот на пченка и штурост на класовите кај пченица - Giberrela zeae
Култура: 'РЖ
Опис: Покрај пченката и пченицата паразитот ги напаѓа и јачменот, овесот, ’ржта, оризот и многу други. Паразитот во природни услови се одржува во вид на перитеции на заразените растетелни делови, мицелија и хламидоспори во почвата и заразените растителни остатоци и во семето. Се јавува гниење на семето и изумирање на младите растенија по никнењето. Болеста е најштетна кај класот, класчињата се воденести и изумираат а зрната остануваат штури. Болеста на класот се развива при влажни услови. Мерки за заштита се одгледување на отпорни сорти, уништување на остатоците и употреба на плодоред.



повеќе слики >>

Препарати