Опис: Општи симптоми кај сите природни домаќини се жолтеење на лисјата и спеченост на растенијата. Листовите се исправени, подебели и поцврсти, болните растенија посилнo братимат, растенијата заостануваат во раст, бусенот е претворен во розета и не братимат. Кореновиот систем е слаборазвиен и лесно се корнат. Вирусот во текот на летото се одржува во заразените растенија и во есен векторите го пренесуваат на есенските посеви, во кои се одржува преку зимата. Во природни услови го пренесуваат преку 20 видови лисни вошки. Најрационално решение е одгледување на отпорни и толерантни сорти. Се препорачува подоцна есенска и порана пролетна сеидба и уништување на лисните вошки.
Се препорачуваат 2 третирања во есен со интервал од 15 дена и третирање на семето со соодветен инсектицид.
|