Име на болест: Обична, покриена или тврда гламница - Tilletia tritici
Култура: 'РЖ
Опис: Болното растение не може да се препознае додека не се појави класот од ракавецот. Стеблoто може да биде нешто пократко, но тешко се забележува. Класовите се нешто подолги и имаат темносина воја, Класот е порастресит, не е компактен. Зрната се пократки но пошироки и осилата се пораширени па класовите изгледаат накострешени. При ослободување на телеутспорите се чувствува мирис на расипана риба и затоа оваа гламница се нарекува смрдлива гламница. За заштита се препорачува употреба на здраво семе, порана сеидба и користење на дезинфецирано семе.



повеќе слики >>

Препарати