Име на болест: Мувлосување на житата - Monographella nivalis
Култура: 'РЖ
Опис: Габата ги заразува основата на стеблото и лисјата. Таа образува перитеции со аскуси и аскоспори, како и конидии. Паразитот се одржува во почвата, а од таму преминува во коренот или во колеоптилата. Оваа габа е распространета во реони со поладна и со умерена клима. Симтомите се забележуваат уште под снежниот покривач или по неговото топење. На листовите се забележува белорозова мицелија. Листовите гнијат со јасно темнокафеави рабови. Болеста зафаќа мали групи растенија во вид на кружни жаришта. Мерка за заштита се користење на здраво семе.



повеќе слики >>

Препарати