Опис: Основен симптом на болеста е спеченост на растенијата. Првите симптоми се јавуаат кога пченката има 5 - 7 листа При основата на лисјата се јавуаат хлорозни цртички кои се спојуваат во поголеми хлорозни ленти. Болните растенија заостануваат во растот. Класат нешто подоцна и формираат поситни и полесни класови. Голем број од класовите се стерилни. Основна мерка за уништување е уништувањето на дивиот сирак, одгледувањето на отпорни сорти а во производството на семе да се користат отпорни самооплодни линии. |