Име на болест: Мозаик на класицата кај стрните жита - Brome mosaic bromovirus
Култура: ПЧЕНКА
Опис: Патогенот напаѓа многу култури меѓу кои јачменот, ржта, пченицата, пченката и др. Кај пченката симптомите варираат а се однесуваат на хлороза, дамкосување, некроза и венење. Некогаш венењето е проследено со целосно поцрвенување или пурпурно обојување на болните ткива. Вирусот се одржува во природно заразените повеќегодишни монокотиледони растенија. Не се пренесува со семе. Како вектори преносители на болеста се лисните вошки, житната пијавица, нематодите, пајаците па дури и габите. Спречувањето е тешко бидејќи вирусот има голем број природни домаќини oд кои повеќегодишни и не се доволно познати начините на неговото пренесување. Препорачливо е уништување на лисните вошки, пајаците и житната пијавица со соодветни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати