Име на болест: Рапава спеченост на пченката - Maize rough dwarf fijivirus MRDV
Култура: ПЧЕНКА
Опис: Симптомите се манифестираат на сите делови на растенијата но најкарактеристични се на лисјата и класовите. Целите растенија заостануваат во растот и се спечени. На лисјата се јавуваат специфични заболувања во вид на тумори, па лисјата стануваат рапави по што болеста е наречена рапава спеченост. Слични промени предизвикуваат и цикадите. Класовите можат да бидат наполно стерилни и зрната да атрофираат. Како најважна мерка за спречување од појавата на болеста е уништувањето на цикадите и третирање на околните плевели 15 дена пред сеидба на пченката.





повеќе слики >>

Препарати