Име на болест: Бактериско венење на пченката - Pantonea stewartii
Култура: ПЧЕНКА
Опис: Оваа бактериоза кај пченката е најштетна. Првите симптоми се забележуваат на долните листови во вид на издолжени жолтеникави дамки. Дамките се зголемуват, се спојуваат и достигнуваат до главниот нерв. Оттука, бактериите преку спроводните садови достигнуваат до спроводните садови до стеблото. Заболените растенија заостануваат во растот или венат. На напречен пресек на метличката и лисјата се забележуваат жолтеникави капки од бактериски ескудат. Заразите се остваруваат во текот на целата вегетација поради што симптомите доста варираат. Бактеријата е доста агресивна и брзо се шири низ спроводните садови кои ги запушува и причинува венење на растенијата. Основна мерка за спречување е употреба на здраво семе и карантински мерки.



повеќе слики >>

Препарати