Опис: Правовидната гламница на пченката е типична болест на генеративните органи на пченката по што се разликува од мерустата гламница која ги напаѓа сите надземни делови од растението. Габата се развива системично а се забележува дури по формирањето на метличката и кочанот. Кочанот е наполно трансформиран во телеутоспори, а здрави остануваат само листовите. Паразитот се одржува во почвата. Инфекциите се најуспешни кога никулците имаат должина 0, 5 - 1 см. Најмасовни инфекции настануваат при теператури од 23 - 28 степени а престануваат при температура од 16 степени. Дезинфекцијата на семето како средство за заштита не дава многу добри резултати. Како најефикасна мерка е двогодишен плодоред. |