Име на болест: Меуреста гламница кај пченката - Ustilago maydis
Култура: ПЧЕНКА
Опис: Габата ги напаѓа сите надземни делови на пченката. Болеста се карактеризира со појава на меурести џумки на надземните делови кои имаат различен облик и големина. Во почетокот овие џумки се тврди сочни и обвиткани со една мазна обвивка. Некои од класовите и кочаните ќе бидат целосно претворени во една безлична џумкеста маса а само листовите ке останат здрави. Овој вид на заболување е најштетен бидејќи во тој случај не се формираат зрна. Болеста се развива откако растенијата ке доситнат височина од 30 - 40 см. За заштита се препорачува отстранување на меурестите џумки , пред да се образуваат телеутоспорите. Освен ова, како друг тип на превенција е и спроведувањето на плодоредот и дезинфекција на семето со препарати врз база на манкозеб.



повеќе слики >>

Препарати