Име на болест: Рѓа кај пченката - Puccinia sorghi
Култура: ПЧЕНКА
Опис: ‘Рѓата на пченката кај нас се јавува многу ретко во повлажните реони, подоцна во вегетацијата па според тоа не претставува некоја опасност. Таа повеќе се јавува кај хибридните сорти на пченка. Габата ги напаѓа сите надземни делови од пченката. Уредосорусите најмногу се јавуваат на листовите, од двете страни. Постојат отпорни сорти кон оваа болест. Како ефикасни фунгициди за сузбивање се оние на база на триадимефон, но во пракса ретко се спроведува хемиска заштита од рѓата на пченката.



повеќе слики >>

Препарати