Опис: Патогенот е најштетен за пченката. Заразеното семе при никнењето гние и е со црвеникава боја. Гниењето на самите кочани започнува од врвот со присуство на црвеникава мувла што е карактеристичен знак за оваа болест. Листовите од кочаните се обраснати со мицелија, а свилата е слепена. По бербата на пченката, заболувањето продолжува во складиштата, посебно ако има поголема влажност. Инкубациониот период на болеста трае 3 дена на температура од 25 до 30 степени. За заштита се препорачува одгледување на отпорни сорти пченка, плодоред, уништување на растителните остатоци. |